Истражување Oтворени Буџети 2019 :
Северна Македонија

Види ја оваа страница во:
Contents
Транспарентност:
41
/100
(Индекс на отворен буџет-поени)
Учество на јавноста:
0
/100
Надзор над Буџетот:
54
/100

Одлуките на националниот Буџет - какви даноци да се наплаќаат, какви услуги да се обезбедат и колкав долг да се преземе - влијаат на тоа колку е рамноправно општеството и благосостојбата на граѓаните, вклучително и дали тие кои се во најнеповолна позиција ќе имаат реални можности за подобар живот. Клучно е владите да ја информираат и вклучат јавноста за овие витални одлуки кои влијаат врз нивните животи.

Анкетата за Oтворен Bуџет (Open Budget Survey- OBS) е единствениот независен, компаративен и врз основа на факти базиран инструмент за истражување кој користи меѓународно прифатени критериуми за проценка на пристапот на јавноста до информациите за Буџетот на централната власт; формални можности јавноста да учествува во процесот на донесување на националниот буџет; и улогата на институциите во надзорот на Буџетот, како што е законодавната власт и ревизијата на буџетскиот процес.

Истражувањето му помага на граѓанско општество да направи проценка и да ја советува Владата за во врска со известувањето кон јавноста и со употребата на јавни средства. Ова седмо издание на OBS опфаќа 117 земји.

Транспарентност

Овој дел од OBS го мери пристапот на јавноста до информации за тоа како централната власт ги собира и троши јавните ресурси. Тој ја проценува достапноста на интернет, навременоста и сеопфатноста на осум клучни буџетски документи со употреба на 109 еднакво пондерирани индикатори и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100. Резултатот за транспарентност од 61 или погоре укажува дека една земја веројатно објавува доволно материјал за поддршка на информирана јавна расправа за Буџетот.

Македонија има резултат на транспарентност од 41 (од 100).

Транспарентноста на С. Македонија споредена со другите земји

Глобален просек
45
Bulgaria
71
Croatia
68
Slovenia
68
Albania
55
Северна Македонија
41
Serbia
40
Bosnia and Herzegovina
33
0
Недоволно
61
Доволно
100

Ранг на С. Македонија: 67 од 117 земји

0
100

Како се менуваше транспарентноста на С. Македонија со текот на времето?

49
2010
35
2012
35
2015
37
2017
41
2019
0
Недоволно
61
Доволно
100

Јавна достапност на буџетските документи во С. Македонија

Јавно достапен
Објавен доцна, или не е јавно достапен или е изготвен за интерна употреба
Не е изготвен
Scroll
Документ 2010 2012 2015 2017 2019
Предбуџетска изјава
Предлог буџет
Усвоен буџет
Граѓански буџет
Месечни извештаи
Полугодишен извештај
Завршна сметка
Ревизорски извештај

Колку е целосна содржината на клучните буџетски документи кои се објавуваат во С. Македонија?

61-100 / 100
41-60 / 100
1-40 / 100
Scroll
Клучни буџетски документи Цел и содржина на документот Фискална година која се оценува Резултат за содржина на документ
Предбуџетска изјава Ги обелоденува широките параметри на фискалната политика пред Предлог буџетот; дава преглед на економската прогноза на Владата, предвидените приходи, расходи и долгови. 2019 72
Предлог буџет Доставено од извршната власт до законодавниот дом за одобрување; детално ги прикажува изворите на приход, алокацијата за министерствата, предложените измени на политиките и други информации важни за подобро разбирање на фискалната состојба на земјата. 2019 32
Усвоен буџет Буџетот одобрен од законодавниот дом. 2019 89
Граѓански буџет Поедноставена и помалку техничка верзија на Предлог буџетот или Усвоениот буџет, дизајниран да ги пренесе клучните информации до јавноста. 2019 42
Месечни извештаи Вклучува информации за собраните приходи, реалните расходи и направениот долг во различни интервали; се издаваат квартално или месечно. 2018 44
Полугодишен извештај Сеопфатно ажурирање за спроведувањето на Буџетот заклучно со средината на фискалната година; вклучува преглед на економски претпоставки и ажурирана прогноза на исходите од Буџетот. 2018 Не е изготвен
Завршна сметка Ја опишува состојбата со сметките на Владата на крајот на фискалната година и, идеално, проценка на напредокот во постигнувањето на целите на буџетската политика. 2017 55
Ревизорски извештај Издаден од врховната ревизорска институција, овој документ ја испитува здравоста и комплетноста на Завршната сметка. 2017 62

Резултатот за транспарентност на Македонија од 41 во OBS 2019 е близу до резултат во 2017 година.

Што се смени во OBS 2019?

С.Македонија ја зголеми достапноста на буџетските информации преку:

Јавно објавување на Граѓанскиот буџет.
Навремено јавно објавување на Пред-буџетската изјава.

Препораки

С.Македонија треба да ги даде приоритет на следниве активности за подобрување на буџетската транспарентност:

Навремено подготвување и објавување на Полугодишниот извештај.
Вклучување на дополнителни информации за политики и фискален ризик во Предлог буџетот.
Вклучување на дополнителни информации за политиката и фискалниот ризик во Завршната сметка.
Подобрување на сеопфатноста на Граѓанскиот буџет преку: вклучување на информации за главните иницијативи за Буџетот, како и информации за контакт за следење од страна на граѓаните; воспоставување механизми за идентификување на потребите на јавноста за информации за Буџетот; и објавување на ГБ за дополнителни фази на буџетскиот процес.
Подобрување на сеопфатноста на годишните извештаи преку: обезбедување информации за реалните расходи за одделни програми, обезбедување споредба на расходи и приходи или со донесениот буџет или истиот период претходната година, и прикажување дополнителни информации за составот на вкупниот износ на заостаната долгови.

Учество на јавноста

Транспарентноста сама за себе не е доволна за подобрување на доброто владеење. Учеството на јавноста во буџетирањето е витално за постигнување на позитивни резултати кои се поврзани со повисока буџетска транспарентност.

OBS, исто така, ги проценува формалните можности понудени на јавноста за значајно учество во различни фази на буџетскиот процес. Ги испитува практиките на извршната власт, законодавниот дом и врховната институција за ревизија (ДЗР) со употреба на 18 еднакви пондерирани индикатори, усогласени со Глобалната иницијатива за Принципите на фискална транспарентност на учество на јавноста во фискалните политики и ја оценува секоја земја на скала од 0 до 100.
http://www.fiscaltransparency.net/pp_principles/

С. Македонија има оценка 0 (од 100) за учество на јавноста.

Учеството на јавноста во С.Македонија во споредба со другите земји

Глобален просек
14
Bulgaria
26
Croatia
22
Slovenia
11
Albania
7
Bosnia and Herzegovina
7
Serbia
2
Северна Македонија
0
0
Недоволно
61
Доволно
100

За повеќе информации, за иновативни практики на учество на јавноста ширум светот погледнете овде: 
http://guide.fiscaltransparency.net/case-study/

Опсег на можности за учество на јавноста во буџетски процес

0
/100
Формулирање
(извршна власт)
0
/100
Усвојување
(законодавна власт)
0
/100
Извршување
(извршна власт)
0
/100
Ревизија
(врховна ревизорска институција)

неколку: 0-40 ; ограничени: 41-60; соодветни: 61-100

Препораки

За понатамошно зајакнување на учеството на јавноста во буџетскиот процес, Министерството за финансии на Република С.Македонија треба да ги даде приоритет на следниве активности:

Пилот механизми за вклучување на јавноста за време на формулирањето на Буџетот и следење на спроведувањето на Буџетот.
Активно вклучување на ранливите и недоволно застапените групи, директно или преку граѓанските организации што ги претставуваат.

Собранието на Република С. Македонија треба да даде приоритет на следниве активности:

Овозможување на членовите на јавните институци или граѓанските организации да сведочат за време на неговите расправи за Предлогот буџетот пред неговото одобрување.
Овозможување на членовите на јавните институции или граѓанските организации да сведочат за време на расправите по Ревизорскиот извештај.

Државниот завод за ревизија на Република С. Македонија треба да даде приоритет на следниве активности за подобрување на учеството на јавноста во буџетскиот процес:

Воспоставување на формални механизми за јавноста да помогне во развојот на нејзината програма за ревизија и да придонесе за релевантни ревизорски истраги.

Надзор на Буџетот

OBS исто така ја испитува улогата која законодавството и врховните институции за ревизија (ДЗР) ја имаат во буџетскиот процес и степенот до кој тие обезбедуваат надзор; секоја земја се оценува на скала од 0 до 100 врз основа на 18 еднакво пондерирани индикатори. Покрај тоа, истражувањето собира дополнителни информации за независни фискални институции (види во прозорецот подолу).

Законодавната власт и врховната ревизорска институција во С.  Македонија, заедно, обезбедуваат ограничен надзор за време на  буџетскиот процес, со средна оцена на надзорот -54 (од 100). Разгледувано индивидуално, обемот на надзорот на секоја институција е прикажан подолу:

Надзор на законодавната власт

0
47
100
ограничен

Надзор на ревизорската институција

0
67
100
соодветен

слаб: 0-40; ограничен: 41-60; соодветен: 61-100

Препораки

Собранието обезбедува ограничен надзор во текот на фазата на планирање на буџетскиот циклус и слаб надзор во текот на фазата на спроведување. За подобрување на надзорот, треба да се даде приоритет на следниве активности:

Законодавството треба да расправа за буџетска политика пред да се достави Предлог буџетот и да одобри препораки за претстојниот буџет.
Предлогот Буџетот треба да се достави до законодавецот најмалку два месеци пред почетокот на буџетската година.
Комисијата за буџет треба да го испитува спроведувањето на буџетот во текот на годината и јавно да ги објавуваат извештаи со нивните наоди.
Во пракса, да се обезбеди осигурување дека законодавниот дом е консултиран пред извршната власт да потроши било какви неочекувани приходи.
Законодавна комисија треба да го испита Извештајот за ревизија и јавно да објави извештај со своите наоди.

За зајакнување на независноста и подобрување на надзорот од страна на Државниот завод за ревизија, се препорачуваат следниве активности:

Ревизорските процеси да бидат разгледани од независна агенција.
Ревизорската институција да биде призната во Уставот како независно тело.

Новите практики за воспоставување независни
фискални институции

Македонија нема независна фискална институција. Таков тип на институции се повеќе се препознаваат како вредни независни и непартиски даватели на информации до извршната и  законодавната власт за време на буџетскиот процес.

*Овие индикатори *не* се оценуваат во Анкетата за отворен буџет

Методологија

  • Само објавените документи, настани и активности кои се објавени и одржани до 31 декември 2018 година се оценувани во OBS 2019.
  • Истражувањето се заснова на прашалник пополнет во секоја земја од независен експерт за буџет:
    Марјан Николов
    Центар за економски анализи (ЦЕА)
    Бул. Јане Сандански 63/3 1000 Скопје, Северна Македонија
    [email protected]
     
  • За понатамошно зајакнување на квалитетот на истражувањето, нацрт-прашалникот на секоја земја се разгледува и од анонимен независен експерт, а во С. Македонија од претставник на Министерството за финансии. 

Други години